Ди Франческо: Барселона е добра, но некои одлуки на судиите биле на штета Рома

Тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо, по поразот од Барселона нагласи дека не се сомнева во неспорниот квалитет на противничкиот тим, но дека некои одлуки на судиите биле на штета на неговиот тим.

Според него, судиите ја оштетиле Рома за два пенала.

– Даниел де Роси направи грешка што може секому да му се случи, исто така и Манолас немаше среќа. Направивме некои грешки, но Барселона е доволно добра и не и е потребна помош од судиите. Меѓутоа, прекршокот на Нелсон Семедо над Џеко беше чист пенал, а можевме да добиеме уште еден за фаулот на Умити над Пелегрини, истакна тренерот на Рома.

Ди Франческо  смета дека неговите фудбалери генерално не изиграле лошо, но дека биле поразени поради неколкуте направени грешки.

Рома на „Камп ноу“ во првиот натпревар од четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите беше поразена со убедливи 4:1.