Директорот на Турски театар си поднесе оставка: Притисоците и обидите за партизација ме натераа на ова

В.д. директорот на Турскиот театар во Скопје, Наџи Шабан си поднесе оставка, поради, како што вели, притисоци и уцени за кадровската политика.

-Притисоците, уцените за кадровската политика и обидите за партизација на Турски театар и намерната опструкција на политичката елита за непречена работа, ме натераа да си поднесам неотповиклива оставка, напиша Шабан на Фејсбук.

Шабан додадава дека оставката ја поднесува и со цел да го крене гласот против партизацијата и поделбите наметнати од турските политички партии.

Веќе подолго време Турскиот театар во Скопје, лоциран во Театар Комедија, додека не се изгради новиот, е со блокирана сметка. Вработените можат само  да земат плата.