Димитров: Препораката од ЕК победа за сите граѓани

Безусловната препорака што денеска Македонија ја доби од Европската комисија е голема победа за сите граѓани, порача шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на средбата во Скопје со чешката делегација, предводена од потпретседателот на Сенат, Јири Шестак.

– Безусловната препорака е голема победа за сите Европејци – граѓани на Република Македонија – кои дигнаа глас и успееја да ја вратат државата на вистинскиот пат. Ова е прекрасен ден за средби со европски пријатели, особено како Република Чешка, која е силен поддржувач на европските и евро-атлантските интеграции на Република Македонија и регионот, рече Димитров.

Изрази задоволство што Македонија и формално добила потврда и се заблагодари за чешката поддршка на патот на европски и евро-атлантски интеграции.