Димитров во Вашингтон на средба со Помпео

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на покана на американскиот државен секретар Мајкл Помпео, од денеска до 22 август ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави.
Како што соопшти МНР, покрај средбата со државниот секретар Помпео, предвидени се средби на министерот Димитров со високи претставници на американската администрација – Советот за национална безбедност, Стејт департментот, Конгресот, како и со претставници на невладини организации и други институции во Вашингтон.