ДИК: На референдумот до 18.30 часот излегле 623.147 граѓани

Според официјалните информации на ДИК до 18:30 часот на гласање изнесува 34,76 отсто. Ова се информации од обработени податоци од 84,83 општински изборни комисии, соопшти на прес-конференција претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.

Генералната оценка на ДИК е дека референдумскиот ден поминал мирно и добро и дека после овој ден сликата за Македонија ќе биде добра.

– Денот помина добро, атмосферата тука и во целата држва беше многу добра со исклучок на одредени инциденти кои се појавија во попладневните часови. Но по брзата реакција и на општинските изборни комиси и на избирачките одбори и на другите органи кои се задолжени да го спроведуваат редот во државата одредени инциденти беа санкционирани, рече Деркоски.

Доколку имам основ понатаму, потенцира тој, ние како ДИК ќе преземеме одредени постапки кон сторителите на одредени инциденти особено ако се настанати од членови, а избирачки одбори како учесници во овој процес, рече Деркоски.

Во врска со инцидентот пријавен во општина Сарај, рече дека има одредени индиции за нарушување на процесот, дека засега нема повратни информации од теренот и дека штом ќе се добие комплетна слика за настанот ДИК ќе ја информира јавноста.

Општини со најголема излезност до 18:30 часот е Сарај 65,59 отсто, Студеничани 44,46 отсто, Пласница 44,01, Дојран 42,32 отсто, Карпош 42,67 отсто, Крушево 41,93, Арачиново 49,36 отсто. Општини со најмала излезеност се Илинден 16,98, Могила 21,19 и Ново Село 16,22 отсто.

На денешниот референдум се гласаше на 3.478 места избирачки места во 80 општини. Од ДИК велат дека во ниту едно избирачко место по 19 часот не продолжило гласањето. Во 19 часот, кога завршува изјаснувањето, гласањето не продолжило.

Следната прес-конференција на ДИК на која се очекува да бидат соопштени првичните информации за крајната излезност до 19 часот на денешниот референдум ќе се одржи меѓу 21:30 и 22:00 часот.

Општинските изборни комиси се должни најмногу во рок од три часа да го соберат избирачкиот материјал и да ги достават записниците во ДИК.