ДИК и ДЗС договараа меѓуинституционалната соработка за референдумот

Досегашната и идната меѓуинституционална соработка беше тема на денешната средба меѓу членови на Државната изборна комисија и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.
Како што соопшти ДИК станало збор за деталите околу методолошко-информатичката обработка на избирачкиот список, контролата при печатењето на изводите и посебните изводи на избирачкиот список и внесот и преносот на податоци на денот на гласањето.
Од ДИК наведуваат дека претставниците на двете институции изразија задоволство од досегашната соработка и постигнаа согласност за натамошните чекори кон нејзино унапредување.