(Фото) Што облече хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ за средбата со Иванов?

Темно син костум со посветло сина кошула избра хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ за официјалната посета на Македонија. Класичниот костум беше разигран со широки ракави како карнер во долниот дел, со впечалив навезен детал. И чевлите и беа во тон-тегет, необични, со квадратен наместо шпицаст врв, далеку од класични салонки, со ремче, кој исто така наликуваше на карнер. Од модните детали имаше само бисерни обетки.

Дознавме дека Китаровиќ и во Македонија продолжува со трендот кој го вовела на почетокот на мандатот-на сите важни посети во странство да се појавува во хрватски дизајн, што е дополнителна промоција на хрватската модна индустрија но и економија воопшто, што е за почит.

За својот избор на гардероба хрватската претседателка секогаш добива пофалби во Хрватска, а и хрватските дизајнери се фалат од нејзиниот културен однос и професионалност и потенцираат дега Китаровиќ највеќе избира фустани.

-Креациите и се најчесто децентни, монохроматски и класични но со необичен детал или во интезивна боја кои придонесуваат за впечатливоста, велат дизајнерите со кои хрватската претседателка соработува.

 

Л.Сабит     Фото: Б. Грданоски