Де Роси ја привршува кариерата, во иднина ќе биде тренер

 Капитенот на Рома, Даниеле де Роси објави дека сака да ја заврши кариерата.

– Кога бев млад, јас прав се за да играм за Рома. И така дојдов до повеќе од 600 натпревари. Јас сум среќен, бидејќи мене ме исполнуваше мојата работа во градот што го сакам, и што работев со луѓето што ги сакам. Сега сум повреден и чувствувам дека крајот на мојата кариера е близу, соопшти Де Роси.

Тој смета дека со своите 35 години тешко ќе може да се врати во старата форма и најави почеток на тренерска кариера.

– Ова е најсериозна повреда во мојата кариера. Почнав да трчам и да работам со топка, но сепак сум далеку од она што треба и сакам да бидам. Во иднина сакам да бидам тренер. Единствено нешто од кое се плашам во таа професија е давања сто интервјуа неделно, потенцира Де Роси.

Во тековниот сезона тој одигра 11 натпревари.