Де Ниро се раздели од сопругата по 20 години брак

САД– Холивудската актерска легенда Роберт де Ниро (75)  се раздели од сопругата Грејс Хајтовер (63) по 20 години брак, пренесува „Пипл“. Се венчаа во 1997 година и имаат две деца. Де Ниро кој освои два Оскари, секогаш приватниот живот го криел подалеку од очите на јавноста.

Њујоршката полиција неодамна интервенирала во врска со информации за „сомнителен пакет“ пронајден на Менхетн и адресиран до Де Ниро, по серијата пакети бомби испратени до високи функционери демократи и критичари на американскиот претседател Доналд Трамп.

Актерот е сопственик на ресторан во населбата Трајбека во Менхетн, каде што бил пронајден пакетот.

Де Ниро го опцу американкиот претседателот на национална телевизија за време на доделувањето на наградите Тони во јуни, а Трамп потоа го нарече 75-годишниот актер „поединец со многу низок коефициент на интелигенција“.

Од претходниот брак со Диане Абот има една ќерка, а од врската со Туки Смит, уште две деца.