Де Мистура: Kонструктивен разговор на самитот во Истанбул

Специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура, го оквалификува како конструктивен дијалогот на мултилатералната средба на врвот за Сирија во Истанбул. „Спроведовме корисна, конструктивна и интензивна дискусија со лидерите на Русија, Германија, Франција и Турција“, наведе Де Мистура, истакнувајќи дека средбата е многу важна.

Во Истанбул денеска се одржува мултилатерален Самит каде се зборува за ситуацијата во Сирија. Учествуваат рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.