Дејан Жидан избран за претседател на словенечкиот парламент

Лидерот на социјалдемократите, Дејан Жидан, кој беше вицепремиер и министер за земјоделство на Словенија од 2014 до 2018 година, денеска беше избран за претседател на словенечкиот парламент.

Неговата кандидатура беше поддржана од 49 од 90 пратеници.

– Ќе сторам сé за повторно да се подигне авторитетот на пратениците и парламентот, рече Жидан. Тој истакна дека тоа е неопходно за зајакнување на демократијата во Словенија.