Дејан Георгиевски освои сребро во Тарагона

Македонскиот натпреварувачот во таеквондо, Дејан Гeоргиевски, освои сребрен медал на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија.

Георгиевски, кој настапува во категоријата над 80 килограми, во финалето беше поразен од Шпанецот Даниел Рос Гомез со 9:24.

За Македонија ова е вкупно шести медал во Тарагона, а сите се освоени во боречките спортови.