Македонија на 12. место на Детскиот Евросонг во Белорусија

Белорусија- Македонската претставничка Марија Спасовска (13) од Скопје го освои 12. место на Детскиот Евросонг кој се одржа денес во Минск, Белорусија. Композицијата „Дома“ е дело на долгогодишните соработници, хитмејкерот Дарко Димитров (музика и аранжман) и поп-ѕвездата Елена Ристеска (текст). На престижниот музички фестивал учествуваа 20 претставници од Европа. Победи Рокси од Полска со песната „Anyone I Want To Be”.

Марија Спасовска беше дел од актерите кои играа во мјузиклот посветен на Тоше Проески, „Тајно моја“. Во нејзината биографија се запишани дваесетина признанија, награди и дипломи од домашни и меѓународни фестивали. Минатата година имаше забележителен настап и на реномираниот „Славјански Базар“.