Детали за несреќата во Гевгелија: Со плинска боца монтирале горилник

Четириесетгодишниот Љ.А. од Гевгелија загина, а шест други мажи на возраст од 29 до 46 години се повредени по експлозија во продавница за производи од железо на улицата „Маршал Тито“ во Гевгелија. Несреќата се случи вчера околу 15.50 часот.

„Причина за пожарот, според првичните сознанија е експлозија на плинска боца која еден од повредените ја донел за да се монтира горилник. Од страна на противпожарна екипа, пожарот е изгаснат. Извршен е увид на местото на настанот, по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција“, велат од полицијата.

Починатиот гевгеличанец бил вработен во дуќанот, како и петмина од повредените, додека шестиот повреден, всушност, ја долен плинската боца. Тој е пренесен на лекување на скопските клиники, додека останатите се пуштени на домашно лекување.