Детален хороскоп за викендот

ОВЕН:
Ова е период за споделување: од храната, до доброто расположение. Не жалете за минатите времиња и за она што можело да биде, туку фокусирајте се на непосредната иднина. Сонцето од Јарец го продлабочува вашето разбирање: ако до нешто сега не идело, прашајте се што може да дадете, а не да одземете.

БИК:
Убаво е што сакате да помогнете: вие сте добри домаќини со широка насмевка! Го имате потребното време, простор и внимание да им се посветите на другите, да ги цените и на тој начин бидете ценети за возврат. Ова е период кој повеќе ѝ одговара на вашата природа и сега размислувате за љубовен огномет и страсти.

БЛИЗНАЦИ:
Претставувате одредена енигма, како само што да сте се вратиле од посета на пирамидите и Сфингата – имате увиди без потреба за преголемо објаснување. Верувајте дека и на другата страна не ѝ е потребно објаснување, затоа обрнете внимание на оваа динамика. Не се затворајте за нови влијанија. Решете ја тајната.

РАК:
Вашето време доаѓа: само што не сте влегле во рингот! Можеби ќе треба да примите удар или два за да се освестите, но пријателите брзо ќе ви помогнат да се втемелите во реалноста. Нови информации со прогресивен карактер. Бидете сигурни дека ја познавате добро длабочината на својата личност. Интуиција.

ЛАВ:
Можеби сте со измешани чувства, но ќе се изненадите со сопствената сила. Ова е период кога треба да покажете од што сте направени – вие сте значајни, имате многу таленти и голема моќ, зошто сè уште чекате да се претставите? Бидете сензитивни, како за себе, така и за туѓите потреби. Дејствувајте, но и одморете се.

ДЕВИЦА:
Ја потврдивте својата позиција во општествените кругови и докажавте колку е важно да бидете поврзани со вистинските луѓе – бидете благодарни сега. На вашето расположение му нема крај и празниците може да започнат. Најдете време да присуствувате на тимските прослави и постигнувањата на пријателите.

ВАГА:
Време за искупување, решавање на проблеми и простување. Како благороден знаменосец истапувате решително со нови стандарди, за кои ќе треба да се потрудите да ги одбраните. Еден процес завршува и сега е време да ги анализирате резултатите. Вниманието е свртено кон дома и кон штедењето.

СКОРПИЈА:
Добро е да знаете дека повремените чинови на љубезност се искрен начин за зближување на луѓето. Можеби ќе треба да бидете оценети за некоја работа или да покажете колку вредите, но бидете љубезни како дете кое им фрла трошки на птиците во зима. Дајте и ќе ви се врати. Насмевнете се и уживајте!

СТРЕЛЕЦ:
Се јавува ривалство: направете поента без да го изгубите мирот и ќе се ослободите од стравовите. Нема потреба да правите силни гестикулации и силум да се направите претпразничен кловн. Средете ги сите документи и избегнувајте ги можните заткулисни игри. Верувајте си себе си повеќе сега.

ЈАРЕЦ:
Вашиот месец започнува денес и Сонцето во Јарец го распостелува вашиот шарм, како вечера на маса која што е поставена за двајца. Ова е период кога ќе уживате во плодовите на својата работа, како и во постигнатиот успех на саканите. За да се продлабочи оваа интимност, споделувајте. Реципрочни врски.

ВОДОЛИЈА:
Пред вас е убав период за проширување на вашата друштвена мрежа: убави влијанија насекаде околу вас, а вие ги пренесувате со големо задоволство. Како да приредувате некаков тест по хемија: енергијата се чувствува, но не може да се задржи. Посветете се на афективната страна. Патувајте и уживајте. Страсти.

РИБИ:
Свесни сте дека ви е потребно поголемо разбирање за природните циклуси на животот: така нема да правите избрзани решенија. Предизвикот лежи во тоа да ги познавате сопствените граници и да знаете што може да се постигне, а што е само пуста желба. Интуицијата ќе ве доведе до вистинските луѓе. Инвестиции.

Ирена Танчева
АСТРОЛАБ
tancevai@yahoo.com