Детален хороскоп: Голем мир за Ракот, ново значење на животот за Близнаците

ОВЕН: Со заеднички сили и здружен напор успевате да постигнете многу – соработувате со луѓе со слични интереси и така се појавуваат нови можности пред вас. Вашите интимни врски се прекрасни и постои големо разбирање сега.

БИК: Сега сте пред промени и ја завршувате мисијата на која бевте посветени до сега. Време за релокација и започнување нови проекти. Во интимниот живот се појавуваат странци, како и интерес за далечните култури.

БЛИЗНАЦИ: Пронаоѓате ново значење во својот живот, гледајќи го животот низ сосема нова призма – сега сè добива смисла. Јасно ви е зошто минавте низ сè и искусивте многу – сето ова ќе ви дава идеја како да го искористите понатаму.

РАК: Денес дефинирате нова општествена слика за себе – нов идентитет и наоѓате нов карактер преку кој што ќе се изразите. Во личните врски поставувате граници и така повторно се зближувате и разбирате заемно. Мир.

ЛАВ: Сите имаме способности и дарби по кои сме уникатни, а денес вашите доаѓаат во прв план. Средба со влијателни личности и промоција. Во интимните врски дајте си поголема важност, па така ќе привлечете интересни луѓе. Талент.

ДЕВИЦА: Се здобивате со потребната сигурност и самодоверба да станете независни и да изградите структура врз нови основи. Сега не зависите од другите луѓе и имате сè што ви е потребно – заборавете на сите и бидете среќни!

ВАГА: Сега е време да се ослободите од сè што ве влече назад и не ви дава да напредувате – посилни од било кога, сакате независност и ги прекинувате непотребните врски. Ќе се ослободите од непотребниот багаж, сакајќи се себе.

СКОРПИЈА: Промена во животниот стил – се изолирате себе си од оние кои што не ве прифаќаат такви какви што сте и наоѓате луѓе кои ве разбираат подобро. Дефинирајте ги своите врски и направете нови пријателства. Романса или брак.

СТРЕЛЕЦ: Сега сте во состојба да ги елиминирате активностите кои ве истоштуваа, па ќе имате повеќе време за она што навистина го сметате за важно. Канализирајте ја својата енергија добро, инвестирајќи во своите проекти. Среќа.

ЈАРЕЦ: Со безусловна љубов се поврзувате со другите и уживате во изобилието околу себе – ги развивте своите таленти и сега наоѓате начин да ги искористите. Вистинско задоволство е да се прифатиме онакви какви што сме, затоа уживајте!

ВОДОЛИЈА: Го враќате својот статус, консолидирајќи ги проектите и така се пронаоѓате себе си одново. Луѓето веќе ве гледаат онака како што и вие се гледате себе и разговараат со вас за своите планови. Дајте им насока на идеите.

РИБИ: Денес сте спремни за авантура, иновации и нови проекти бидејќи се чувствувате доволно силни за да се обидете со нешто ново во животот. Не се двоумете – ги имате сите потребни алатки да изградите подобра база и растете.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com