Десетмина загинати при пожар на два брода во Керчинскиот Теснец

Најмалку 10 лица загинаа во пожари што избувнаа на два брода, што пловат под знаме на Танзанија, во водите на Керчинскиот Теснец, соопшти вечерва руската Федерална агенција за поморска и речна пловидба.

Агенцијата претходно информираше дека пожарите избувнале откако на едниот од бродовите се случила експлозија, по што членови на нивните екипажи почнале да скокаат во вода бегајќи пред огнот.

Спасувачките екипи од водите на Керчинскиот Теснец успеале да  извлечат 14 преживеани морнари.

Според првичните информации, експлозијата се случила за време на преточување на гориво меѓу двата брода.

Агенцијата информира дека на двата брода, кои превезувале гас, имало вкупно 31 член на екипажите.