Десетина повредени и петмина уапсени во судири меѓу каталонски сепаратисти и полицијата во Барселона

Најмалку 14 лица се повредени и петмина се уапсени откако каталонски сепаратисти денеска се судрија со полицијата во центарот на Барселона.

Три лица се хоспитализирани, а на останатите 11 повредени  им била укажана помош на лице место.

Каталонските сепаратисти денеска неколку пати се судрија со полицијата, откако прво фрлија боја во прав врз полициските кордони, а потоа ги нападнаа. Сепаратистите протестираа против марш на поддржувачи на шпанската национална полиција.

Судирите се случуваат два дена пред годишнината од референдумот за независност на Каталонија