Денеска и утре попладне нестабилно, од среда затоплување

Денеска попладне, повеќе во планинските региони на западот и на северот ќе биде нестабилно со дожд и грмежи, соопшти Управата за хидерометеоролошки работи.
До среда се очекува да биде топло, со попладневна нестабилност претежно во планините и особено на запад, која ќе е проследена со појава на локален пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер.
Во среда и четврток времето ќе биде претежно стабилно и топло.