Деми Ловато за прв пат во јавноста по предозирањето

САД– Поп-ѕвездата Деми Ловато, за прв пат е забележана во јавноста откако се предозираше кон крајот на јули, пренесуваат американските медиуми. Имено, Деми Ловато е видена како разговара со пријателка, со која се сретнала на кафе за време на паузата од рехабилитација.

Иако многумина веројатно очекуваат дека ѕвездата ќе изгледа сосема поинаку, Деми на сликата е среќна и опуштена, додека разговара со пријателка која го шета нејзиното куче.

26-годишната Деми Ловато, во повеќе наврати во јавноста зборуваше за својата зависност од дрога и алкохол, односно за психичките проблеми со кои таа се соочува. Ловато одеше на лекување поради пореметување во исхраната, а истакна и дека страда од биполарно пореметување.

Порталот „TMZ“ објави прва фотографија од Деми, два месеци по предозирањето.

 

Кон крајот на јули таа заврши во болница поради предозирање, а беше блиску до тоа да го загуби животот.

Пред една недела, во прво интервју после инцидентот со Деми, нејзината мајка открива дека таа моментално се чувствува добро.

„И понатаму ми е тешко да зборувам за тоа. При самата помисла на тој ден, веднаш почнувам да се тресам. Деми моментално се чувствува добро“, вели нејзината мајка.