Дел од плажите и улиците во Грција под вода

Како и целиот Балкан, и Грција е зафатена од лошото време проследено со поројни дождови, а метеоролошките служби прогнозираат дека таквите временски услови ќе се задржат најмалку до четврток, со температури околу 20-от степен.

Поројните дождови поплавија голем дел од плажите и улиците во Грција, посебно во централниот и северниот дел на земјата.

На социјалкните мрежи се објавуваат фотографии од грчкиот остров Евија, каде поголемиот дел од плажите се под вода.

Во помалите места во Тесалија, но и на полуостровот Пилион поплавени се и улиците.