Дежурните пунктови „Јане Сандански“, „Бит-пазар“ и „Ѓорче Петров“, за викенд ќе работат 24 часа за преглед на деца со симптоми на морбили

Поради зголемениот број пациенти заболени од морбили, во три пункта во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит- пазар“ и „Ѓорче Петров“ има дежурни лекари секој работен ден од 19:30 часот до 7:30 наутро, а за викендите се на располагање 24 часа.

– На овие три места ќе се вршат комплетни прегледи со лабораторија на децата чии родители ќе се посомневаат дека можеби се заболени од морбили (мали сипаници). Доколку лекарите утврдат дека е потребно, пациентите ќе ги упатуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Апелираме до сите родители, кои ќе забележат или ќе се посомневаат на првите знаци на болеста, висока температура, децата прво да ги однесат на овие три пунктовиВо работните денови, родителите треба децата прво да ги однесат на матичен лекар, информираат од Министерството за здравство.

Досега на Клиниката за детски болести се евидентирани осум заболени вработени кои предходнодно биле вакцинирани против морбили и четири деца пациенти.

Од Министерството ја потсетуваат јавноста дека останува на сила забраната за посета на градинките од деца кои не се вакцинирани со МРП вакцината. Децата од училишна возраст задолжително да се вакцинираат ако не се вакцинирани или примиле само една доза од вакцината МРП. Сите здравствени работници што од кои било причини не се вакцинирани или не се сигурни во својот вакцинален стаус, да го направат тоа најбрз рок.

Министерството за здравство, потенцираат оттаму, ги презема сите законски мерки со кои се делува во епидемија, но напоменуваме дека сите превентивни мерки и препораки против ширењето на болеста да се сфатат сериозно и без отстапки, напоменувајќи дека станува збор за многу сериозно заболување кое предизвикува сериозни здравствени компликации а се пренесува од заразено лице на друго лице со кашлање, кивање и по капков пат.