Дебата за Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси

Министерството за правда и Меѓународниот републикански институт (ИРИ) денеска организираат јавна дискусија за нацрт-текстот на Предлог-законот за спречување на корупцијата и судир на интереси.

– Новиот закон пред се треба да обезбеди зајакнување на ефикасноста и независноста на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и постигнување на ефикасна превенција и борба против корупцијата, соопшти Министерството за правда.

На јавната дискусија свои сугестии и забелешки можат да достават претставници на институции, здруженија и фондации, комори, синдикати и академската заедница.

Најавени се обраќања на министерката за правда Рената Дескоска, директорка на Меѓународниот републикански институт Илина Мангова и експертот Слаѓана Тасева.