Дебар, Жупа и Река десет часа без струја

Целото дебарско конзумно подрачје кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше денеска десет часа беше без елекрична енергија.

Тоа поради изведување одредени активности од страна на ЕВН на електоромрежата, насочени кон подобрување на нормалното снабдување со електрична енергија.

Дебарското конзумно подрачје кое опфаќа над четири и пол илјади потрошувачи, правни и физички лица, без струја беше во периодот од 7:10 до 17:15 часот.

Недостигот на струја услови поголем број од институциите да не може да ги обавуваат секојдневните работи а граѓаните да добијат потреба услуга.