Беса ја поддржа кандидатурата на Аголи во Дебар

Движењето „Беса“ на предвремените локални избори за градоначалник на Дебар, нема да има свој кандидат. Овој политички субјект го подржува д-р Арбен Аголи, познат дебарски педијатар, кој е кандидат на Алијасата за Албанците.

-По добивањето согласност од Централното собрание на мојата матична партија, Алијанса за Албанците и претседателството на движењето „Беса“ официјално ја поддржа мојата кандидатура за градоначалник на општината како заеднички кандидат на двата политички субјекта. Очекувам поддршка од жителите на општина Дебар, независно од нивната политичка, национална или верска припадност, како што никогаш во мојата лекарска работа и воопшто во животот никогаш не сум правел разлика, изјави Аголи.

Централното собрание на Алијансата за Албанците одржано вчера во Дебар, ја официјализира кандидатурата на Аголи за локалните избори на 21 април откако тој претходно доби поддршка и од органите на огранокот на партијата во Дебар.

Аголи е роден во Дебар 1959 годна, оженет е и татко на две деца. Средно образование завршил во Дебар, дипломирал на Медицинскиот факултет во Приштина, а специјализирал педијатрија во Скопје. Во струката има 34-годишен стаж, од кои 20 години како педијатар. Од 2004 година работи како матичен педијатар.