Две лица повредени во тепачка во угостителски објект

Две лица биле физички нападнати 30 минути по полноќ во угостителски објект од непознати сторители.

СВР Охрид соопшти дека во 00 часот и 30 минути Н.Т. (26) и С.Т.(22), двајцата од Охрид, биле физички нападнати во угостителски објект од засега непознати лица кои биле гости во објектот.

-Лицата се здобиле со повреди поради што со медицинско возило се префрлени на хируршкото одделение во Општата болница во Охрид, стои во соопштението од полицијата.

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на настанот.