Две години по грабежот: Ким Кардашијан се врати во Париз

Франција– Старлетата Ким Кардашијан се врати во Париз каде пред две години беше ограбена во хотелска соба. Заедно со сопругот Кање Вест беа во првиот ред на ревијата на младиот Вирџил Аблок за да му дадат поддршка на дизајнерот кој дебитира со ревија за „Луј Витон“.

На ревијата меѓу славните гости беа и Бела Хадид, Рита Ора, Ријана и Наоми Кембел.