Две години брак: Северина и Игор Којиќ


Хрватската и регионална поп-ѕвезда Северина Којиќ на социјалните мрежи му ја честиташе на помладиот сопруг Игор, годишнината од бракот.

“На моето срце му се доволни моите гради, и крила мои за твојата слобода… од моите усни ќе прелета на небото она што спиело на твојата душа, вели во емотивната порака ѕвездата.

Минатиот месец, Северина ја изгуби битката на судот како единствен старател врз синот Александар. Сега е рамноправен старател со претходниот свршеник и татко на Александар , Милан Поповиќ.