Две варијанти на сако: Како го носат Каролина и Леди Гага?

Поп-ѕвездата Каролина Гочева е актуелна со новата модна фотосесија во која позира во сако-фустан. Парчето што одамна стана задолжително во женскиот гардеробер е актуелно и на светските гала-настани и на црвените килими.

Поп-ѕвездата Леди Гага, актуелна со филмот „Ѕвездата е родена“ на гала-настанот на списанието „Ел“ облече предимензионирано сако со панталони на „Марк Џејкобс“.

– Сакав да си ја повратам моќта – изјави Гага за модниот избор.