Два независни синдикати против зголемување на старосната граница за пензионирање

Независниот синдикат на камионските транспортери на Македонија – МАКАМТРАНС и Независниот синдикат на градежните работници и трговците во градежништвото – НСГРИТГ се против препораките на Меѓународниот монетарен фонд за зголемување на старосната граница за одење во пензија во Македонија.

Како независни синдикати, велат, нема да дозволиме да се зголеми старосната граница.

– Апсолутно сме против зголемување на работниот век. Во држава во која повеќе од 35 отсто од работоспособното население се води во Агенцијата за вработување како невработено, а од тие што работат дури 44 проценти, според Заводот за статистика, не се пријавени, додека 10 отсто не земаат плата, апсолутно е неприфатливо никакво продолжување на работниот век, рече претседателот на МАКАМТРАНС, Страшо Јованов, на денешната прес-конференција пред Министерството за труд и социјална политика.