Два крвави инциденти на Кејот од Вардар во центарот на Скопје

Двајца скопјани од Скопје и еден жител на Трубарево се повредени по серија инциденти што во неделата попладне се случија на Кејот од реката Вардар во центарот на Скопје. Околу 16.30 часот, во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, донесен бил Д.М.(22) од Трубарево, кој се здобил со убодна рана од остар предмет на левата страна од градниот кош. Според полицијата, момчето било нападнато од две непознати лица, од кои едниот имал нож. По пружањето лекарска помош, 22-годишникот е пуштен на домашно лекување.

Четири часа подоцна, во МВР било пријавено дека В.Ј.М.(19) и А.Г.(18) биле физички нападнати од поголема група на лица облечени во дуксери со качулки, кои по нападот го напуштиле местото на настанот.

„Повредените лица со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница ‘Наум Охридски’, каде било утврдено дека се здобиле со телесни повреди и по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, соопшти Министерството за внатрешни работи.