Два дрона го блокираа британскиот аеродром Гетвик

Англија – Вториот по голмина аеродром во Велика Британија, Гетвик, времено е затворен за сообраќај поради информациите дека над неговите писти летаат два дрона, јави ДПА.

Поради инцидентот, летовите од Гетвик се одложени, а авионите што требаше да слетаа на него се пренасочуваат кон други аеродроми.

Управата на Гетвик, што се наоѓа на 50 километри јужно од Лондон, се извини поради затворањето на аеродромот, нагласувајќи дека на прво место е безбедноста на патниците.

Последните години се почесто се пријавуваат инциденти на разминување на авиони и бесполотни летала на опасно мали растојанија. Само во Велика Британија лани се регистрирани 92 инциденти со дронови.