Двајца Срби заглавиле на Богородица, Македонци им помогнале

Двајца туристи од Србија минатата недела преживеале драма кога ја минале границата од Грција кон Македонија. Застанале на фришопот на грчка територија. Воопшто не забележале дека им паднале регистарските таблички од автомобилот. Кога стигнале на македонската граница, цариниците ги пуштиле, но ги предупредиле оти без таблички не можат да се возат, особено не на следниот граничен меѓу Македонија и Србија. Но, набргу се увериле дека постојат добри луѓе.

„Со брат ми застанавме на првата бензинска пумпа на македонска територија. Веќе потиснати и обесхрабрени, седнавме на кафе и размислувавме што понатаму. Не можевме ниту напред, ниту назад. Еден од вработените го виде нашето нерасположение и забележа оти немаме таблички. Ни пријде со желба да ни помогне. Му ја објаснивме целата ситуација. Се сврте, а ние продолживме да мислиме што ќе правиме. Набргу се појави и шефот на бензинската пумпа. Ни понуди еден од вработените со неговото возило да не врати до фришопот. Така и беше. Седнавме во автомобилот и се вративме да го побараме тоа парче метал што ни го загорче тоа утро. Бргу ја најдовме табличката. Таква љубезност и чеоченост денеска ретко се наоѓаат. Прекрасни луѓе со големо срце, ви благодариме до неба“, напиша Никола Ракичевиќ на својот профил на „Фејсбук“.

Одушевувањето не го кријат сите оние што го прочитале коментарот, па се нижат позитивни коментари.