Двајца Бугари повредени во сообраќајка кај Крива Паланка

Двајца бугарски државјани Ф.Ф.В. (47) и В.К.А. (26), кои биле сопатници во возило, се тешко повредени во сообраќајка што се случила на магистралниот пат Крива Паланка-граничен премин „Деве Баир“.

Како што информира денеска МВР, сообраќајката се случила вчера во 1:15 часот. Во несреќата Е.Е.К. (27) од Република Бугарија, управувајќи патничко возило „Ауди 4“ со бугарски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил на земјената површина во речното корито на Крива Река.

На Ф.Ф.В. (47) и В.К.А. (26) им била укажана лекарска помош во Здравствениот дом-Крива Паланка, а по нивно барање заминале за понатамошно лекување во Република Бугарија.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Крива Паланка. м