Дваесетина повредени при судир на два воза во Австрија

Дваесетина лица се повредени при судир на два воза во североисточна Австрија, соопштија властите.

„Несреќата се случи околу 18 часот по локално време, во близина на градот Критцендорф“, изјави портпаролот на противпожарната служба Франц Респергер.

Два вагона излегле од шините и се превртеле, а третиот е навален на една страна.

На местото на несреќата се испратени два хеликоптера.

Нема информации за причината за несреќата.