Данска пред полуфинале: Прв пораз на актуелниот шампион
Ракометарите на Данска ја забележаа и втората победа во новоформираната група 2 на Европскиот шампионат што се одржува во Хрватска.
Актуелните олимписки шампиони Данците вечерва во вараждинската „Арена“ го победија европскиот првак
Германија со 26-25 полувреме 9:8.
Ханс Линдберг со 9 постигнати гола и Микел Хансен, кој средбата ја заврши со 5 постигнати гола, беа предводници на Данците во оваа победа.
Со оваа победа Данска изби на првото место на табелата со 6 бода, пред Германија, која има 4, но двете селекции веќе одиграа по две средби од оваа фаза на шампионатот.
А, вечерва, во оваа група, својот прв меч ќе го одиграат и селекциите на Македонија и Шпанија.
Двете репрезентации започнуваа во оваа фаза со по два бода колку што има и Чешка со средба повеќе, односно Словенија која е последна без бод.
Дуелот Македонија – Шпанија започнува од 20 часот и 30 минути.