Данска го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија кон НАТО

Данскиот Парламент денеска без дебата и во присуство на шефот на данската дипломатија Андерс Самуелсен го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.

Протоколот во Парламентот на Данска беше ратификуван со 97 гласа „за“ и девет воздржани.

Со ова Данска стана деветтата земја која го ратификуваше Протоколот, односно прва западноевропска земја која ја заврши постапката за ратификација и даде зелено светло на нашата земја на патот кон полноправно членство во Алијансата.

На отворената седница присуствуваше и в.д. амбасадорот  на Северна Македонија во Данска, Александар Новотни.