Даниел Редклиф: Многу пиев за да се носам со славата на Хари Потер

Улогата на младиот волшебник Хари Потер го прослави британскиот актер Даниел Редклиф, но како што призна неодамна, тешко се носел со тоа.
Стана познат уште како дете, а како што наведува, тоа многу тешко му паднало. Некогаш славата му била толку тешка, што спас барал во алкохол.
„Најдобар начин да се носите со такви работи е добро да се напиете. Кога ќе почувствувате дека луѓето ве препознаваат, ве бараат и ве повикуваат, само напијте се и ќе заборавите на тоа“, објасни актерот, пренесе „USA Today” интервју кое актерот го даде за „The off camera show”.
Наведува и дека многумина не разбираат колкава е „тежината на славата“ и дека таа и тоа како влијае на психата на актерот.
Редклиф зборува за тоа дека сите очекуваат од актерот да биде среќен затоа што има работа, и нема право да биде „вознемирен„.
„Често мислев дека не сум доволно добар за да бидам познат, затоа што не се носев добро со се што ми донесе славата“, рече Редклиф.
Често морал да се тера себеси да стане таков каков што мислел дека секој познат актер мора да биде и дека тоа често му било стресно.
„Во мојот случај, најбрз начин да заборава, дека постојано ме набљудуваат сите беше да се напијам“, вели актерот. „А кога ќе се напиете, тогаш станувате свесни дека луѓето ве набљудуваат уште повеќе, па се прашував дали можеби треба уште повеќе да се напијам за потполно да ги игнорирам“, вели Редклиф.
Призна дека на крајот ми било потребно многу време да се извлече од таквата рутина и лошата навика, како и дека за тоа му била голема поддршка.
„Неверојатно сум среќен што имам такви пријатели околу себе. Ме советуваа и сите се грижеа за мене, тоа многу ми значеше. На крај тоа беше главно, моја одлука. Едно утро станав на по ноќ помината надвор и помислив: „Ова веќе не е во ред, мора да престанам“, заклучува актерот.