Дама со стил: Каролина Гочева пее и се облекува како ѕвезда

Пее како ѕвезда, изгледа како ѕвезда, се облекува како ѕвезда. Ама не се однесува како ѕвезда. Се уште стои цврсто на земјата, и по свадбата на годината во септември, со уметникот Михаил Корубин. Родена Битолчанка, над една деценија Скопјанка, една од ретките ѕвезди со спој на убавина, стил и префинетост. На сцената со дамски стајлинг, налик на ѕвездите од Холивуд, во елегантни креации, со избрани модни детали.

Нејзината долга коса и шминката на настапите, во спотовите и на концертите и се средени до совршенство. Носи дизајнерска облека, најчесто купена во Италија и шик чевли. Остана доследна на изборот на накит- никогаш нема да ја видите во злато.

Каролина денес е препознатлива по својот стил кој значи: тренд, префинетост и мерка, стил кој никогаш не ја прави да изгледа постара и посериозна. Благодарение и на нејзината екипа која се грижи за нејзиниот стајлинг: Цаци Паковска и шминкерот Дадар.

Лејла Сабит