Давор Драгичевиќ: Ја имам снимката од убиството на син ми

„Имам снимка од убиството на мојот син. Снимката е од камерите на Рајфајзн банката. Сѐ детално се гледа“, тврди Давор Драгичевиќ, таткото кој речиси цела година води битка да дознае кој е виновен за смртта на неговото дете. Илјадници граѓани му пружија поддршка. Членовите на групата „Правда за Давид“ со денови протестираа во Банја Лука.
„Наскоро ќе ја објавам снимката, а тогаш ќе се создаде вистински хаос во Република Српска“, вели Давор.
Тој ги демантира информациите дека нудел 15.000 евра за монтирана снимка на убиството.
„На снимката која јас ја имам јасно се гледа кој го убива. Поради тоа владее паника во полицијата и обвинителството“, вели Давор.
Лани во коритото на реката Врбас беше пронајдено телото на младиот Давид Драгичевиќ. Полицијата тврдеше дека станува збор за давање односно случајна смрт. Според полициската реконструкција Давид кобната вечер наводно се степал во едно кафуле потоа влегол во некоја куќа од каде украл компјутер и пари и потоа под неразјаснети околности завршил мртов во реката. Во таа приказна родителите и граѓаните на Бања Лука не поверуваа. Огромниот револт кај нив се претвори во најголем предизвик за долгогодишното владееење на Милорад Додик.