Гуаидо ја повика меѓународната заедница: Разгледајте ги сите опции

Опозицискиот лидер на Венецуела Хуан Гуаидо ја повика меѓународната заедница да ги разгледаат „сите опции“ за решавање на кризата во таа земја.
Венецуелската војска претходно ги врати странските хуманитарни конвои од границата на Венецуела со употреба на солзавец, а на границата со Бразил настрадаа две лица.
Последните случувања „ме натераа да донесам одлука формално да ѝ предложам на меѓународната заедница дека мораме да ги имаме сите опции отворени да ја осигураме  безбедноста на нашата земја, која се бори и која ќе се бори“, напиша Гуаидо на Твитер.
Гуаидо, денеска, во Богота на маргините на состанокот на Групата Лима во која членуваат регионалните лидери, ќе се состанат денеска со американскиот претседател Мајкл Пенс кој, како што се очекува, треба да објави конкретни чекори, пренесе Асошиејтед прес.