Гуаидо со помош на венецуелската армија пристигна во Колумбија

Спикерот на венецуелското Национално собрание, Хуан Гуаидо, кого над 50 земји, меѓу кои и САД и повеќето членки на ЕУ го признаа за легитимен привремен претседател на Венецуела, синоќа отпатува во Колумбија и покрај забраната од Владата на неговиот ривал, претседателот Николас Мадуро да ја напушти земјата.

Гуадио допатува во колумбискиот пограничен град Кукута, каде синоќа се одржа концерт во организација на британскиот милионер Ричард Бренсон, за прибирање средства за хуманитарна помош за Венеуела.

По пристигнувањето во Кукута, Гуаидо изјави дека во напуштањето на Венцуела ми помогнале припадници на венецуелската Армија.

„Прашањето е како денеска стигнав тука и покрај затворањето на воздушниот простор, прекинот на помирскиот транспорт и блокадата на патиштата. Тука сум затоа што Вооружените сили учествуваа во тој процес“, изјави 35-годишниот Гуаидо пред миедиумите, придружуван од претседателите на Колумбија, Чиле и Парагвај.