Грчки државјанин пренесувал на граничниот премин Богородица марихуана од 310 килограми

На граничниот премин Богородица притворен е грчки државјанин, кој на 28 јануари пренесувал наркотична дрога – марихуана во количина од 309,6 килограми, наменета за продажба.

Осомничениот дрогата ја пренесувал во товарно возило „Сканиа“ со грчка регистарска ознака од Атина, Република Грција до Вупертал, Република Германија. Во возилото меѓу разновидната стока осомничениот пренесувал и 95 вреќи ориз со крајна дестинација Керкаде, Кралство Холандија. Марихуаната била најдена обвиткана со стреч фолија во 75 вреќи, покрај оризот, информираат од Јавното обвинителство.

Основното јавно обвинителство Велес, како што информира, донесе наредба за спроведување на истражна постапка против осомничениот за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотопни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.

Основниот суд Велес на осомничениот определи притвор од триесет дена.​