Грција ја поддржа кандидатурата на Македонија за Јадранско-јонската иницијатива

Грчкиот заменик-министер за надворешни работи Јоргос Катругалос изјави дека грчката Влада ја поддржува кандидатурата на Македонија за приклучување во Јадранско-јонската иницијатива.

Катругалос, во писмо до еврокомесарите за проширување и добрососедска политика и за регионална политика, Јоханес Хан и Корина Кретсу, ги најави намерите на Грција за поддршка на кандидатурата на Македонија.

Во Јадранско-јонската иницијатива веќе се вклучени Грција, Италија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина.

Еврокомесарот Хан вчера за „Ди Велт“ изјави дека ЕК наскоро, најверојатно до ова лето, ќе им предложи на земјите-членки да отпочнат претпристапни преговори со Албанија и Македонија