Груевски за Џафери: Ако нема да се дезинфецира, добива апстиненцијална криза

Поранешниот премиер Никола Груевски му врати на парламентарниот спикер Талат Џафери за коментарот оти бил во психолошка криза поради честите судења. На својот профил на „Фејсбук“, Груевски, кој му беше шеф на Џафери кога тој министеруваше со ресорот Одбрана, порача:

„Читам Талат изјавил дека сум бил во психолошка криза. Познавајќи го, секогаш кога некој ден нема доволно да се дезинфицира, добива апстиненцијална криза и вака се однесува.,Не му се лутам. Не е за лутење“.