Груевски доцнеше на судење, го опоменаа, па се извини


Со задоцнување од 15 минути, екс премиерот Никола Груевски се појави на судското  рочиште „ТНТ“, предмет кој се однесува за уривањето на објектот Космос на Фијат Цановски. Судијата Огнен Ставрев го опомена Груевски дека доцни, по што тој се извини.

На денешното рочиште е предвидено да се слушаат „бомбите“ предложени од СЈО како доказен материјал.

На почетокот на рочиштето, одбраната се обиде да го одложи денешното судење, бидејќи адвокатот Еленко Миланов побара изземање на Судскиот совет, бидејќи обвинителката Катица Јанева неодамна рекла дека имало и судии кои биле дел од бомбите и постапуваат по предмети на СЈО.

Па, според Миланов прво требало да се испита дали и овие судии биле незаконски прислушувани, па дури потоа да се продолжи со судење.