Груевски бара одложување, Апелација се мисли

И на вториот ден од закажаната јавна расправа во Апелицискиот суд за случајот „Тенк“, отсуствуваат адвокатите на обвинетиот Никола Груевски, кој се појави во судот. Сите четворица негови адвокати писмено го известија судот дека не можат да присуствуваат на расправата, затоа што се ангажирани во други предмети што ги води Специјалното јавно обвинителство.
Апелацискиот суд на чело со судијката Цветанка Периќ, побара пауза пред да се донесе конечната одлука. Груевски и неговиот тим се жалат на првостепената пресуда на Кривичниот суд со која за набавка на луксузен мерцедес беше осуден на две години затвор, а сообвинетиот Ѓоко Поповски на шест години. Поповски и неговиот адвокат Стерјо Зиков и денеска се присутни во судот. (Г.А.)