Грејс Џонс доаѓа на фестивалот Егзит

Една од најважните светски уметници на современата доба, револуционерната музичка икона, супермодел и филмска ѕвезда, вистински бесмртната – една, единствена и неповторлива Грејс Џонс доаѓа ова лето на фестивалот Егзит во Нови Сад.

Оваа несекојдневна личност доаѓа од највисоката и последна класа „вонземјани“, од кои многумина на Земјата оставија неизбришлива трага и нажалост веќе заминаа – Боуви, Принц и Мајкл Џексон, го менуваа светот со неа. На главната сцена на фестивалот ќе ни покаже дека уште пред Мадона, Лејди Гага и Ријана, на кои таа им е најголемо влијание, прва ја воведе авангардната уметност и високата мода во светските музички текови.

Ненадминливиот „Вог“ (Vogue) ја прогласи за „ултимативна модна муза“, а музичкиот авторитет „Ролинг Стоун“ за „неодолива уметница, модна икона и симбол“.

По премиерата на филмскиот фестивал во Торонто, долго сниманиот документарен филм за животот на фасцинантната арт-рок аристократка, „Grace Jones: Bloodlight & Bami“, ќе има и своја светска кино-премиера оваа пролет, токму пред старт на нејзината турнеја со која доаѓа и на Тврдината во Нови Сад.