Грешката на советникот од Алијансата за Албанците го сели Ќосето во Сопиште?

Советникот од Алијанса за Албанците, Орхан Гафури бара ново гласање за тоа дали општина Сопиште да го вдоми споменикот на Ќосето, објави Телма.

Орхан Гафури тврди дека гласал против споменикот да биде преселен во нивната општина со што се доведува во прашање резултатот од денешното гласање со 6 наспроти 4, за прифаќање на споменикот.

Советникот од ДПА по седницата тврдеше дела неговиот колега од Алијанса за Албанците го подржал преселувањето на Ќосето во нивната општина.

Во советот на општина Сопиште има вкупно 11 советници, 6 од колацијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 3-ца за СДСМ и по еден советник од редовите на ДПА и Алијанса за Албанците, но како што кажаа советниците, еден советник од Социјалистичката партија бил отсутен.

Претседателот на советот Јане Мицевски по седницата рече дека ќе бараат од донаторот на споменикот Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради да им го отстапи споменикот. Се планира вооружениот Ќосе  да го исправат кај кружниот тек во Сопиште од каде се дели патот кон Сончев град.

Советници од СДСМ гласале против поставувањето на Ќосето поради финансиксиите импликации, но и за да не се создаваат револт и поделби меѓу населението во општината.

Споменикот од Центарот на Скопје беше отстранет пред пет дена и однесен во кругот на фабриката МЗТ од каде донаторот треба да си го земе.