Греми 2018: Џеј-Зи со 8 номинации

САД- Организаторите на наградите Греми, синоќа ги открија номинираните изведувачи и албуми за овие престижни награди,за лани. Најмногу номинации годинава има раперот Џеј Зи, дури осум. Тој е номиниран во категориите Албум на годината, Песна на годината, Спот на годината и Рап албум на годината.На второ место се наоѓа раперот Кендрик Ламар, со 7 номинации, а на третото место е Бруно Марс. Кај жените најмногу номинации доби соул сензацијата SZA, дури пет. Доделувањето на Grammy наградите ќе се одржи на 28 јануари 2018 година, во Медисон Сквер Гарден во Њујорк. Гласањето за истите трае од 7 до 21 декември.

Националната академија за запис на звукот и уметностите на САД претходно соопшти дека има нови правила, меѓу кои и за процесот на гласање, па така од оваа година за прв пат во историјата на шоуто, ќе има онлајн гласање.Тоа значи дека 13.000 членови кои гласаат нема да гласаат на традиционален начин на хартија, туку онлајн. Според академијата, вака ќе се овозможел подобар пристап за гласачите и ќе се превенирале невалидни гласови и измами.